31.05.2017 Назад
ЕК ќе претстави предлог за проширување на еврозоната

Европската комисија се обидува да го направи усвојувањето на еврото попривлечно ?!

risperidon wikipedia risperidon lek risperidon vipharm

Се очекува денеска Европската комисија да поднесе предлог за продлабочување на економската и монетарна унија.

Европската комисија се обидува да го направи усвојувањето на еврото попривлечно за членките на Европската унија, кои се надвор од монетарното обединување, соопшти минатата недела комесарот за економски и монетарни прашања, Пјер Московичи, цитиран од агенциите.

Предлозите ќе бидат во проект за иднината на еврозоната, кој е дел од поширок план, инициран од страна на Европската комисија во врска со тоа како да биде реформирана Унијата по „Брегзит“ и во позадина на евроскептичните ставови.

„Ќе се обидеме да подготвиме рамка која е доволно привлечна, која е како, како што велат во филмовите, понуда на која не можете да одолеете“, рече Московичи кога новинарите го прашале за детали за неговите предлози за „довршување на Економско монетарна унија до 2025-та година“.

Земјите од ЕУ, со исклучок на Велика Британија и Данска, се должни да го воведат еврото, но нема краен рок за тоа, потсетуваат агенциите.

Јавното мислење во земјите надвор од еврозоната често е против пристапувањето кон единствената валута.

Во Полска 57 отсто од анкетираните се против еврото, покажуваат податоците од Евробарометарот објавени во декември.

Противењето е силно и во Велика Британија, Чешка, Шведска, Данска и Бугарија, додека Унгарците, Хрватите и Романците во поголемиот дел се благоразположени кон монетарната унија, истакна „Ројтерс“.

Московичи, кој зборуваше на форумот на европскиот бизнис во Брисел (European Business Summit), предупреди за „бунт“ во еврозоната поради економските разлики меѓу југот и северот, кои Еврокомисијата сака да ги надмине.

Полска ќе почне да дебатира дали да се приклучи кон еврозоната кога едвај блокот стана стабилна и транспарентна единица. Тоа, рече, исто така минатата недела, на форум посветен на инвестициите во Централна и Источна Европа, полскиот заменик-министер за надворешни работи Конрад Шимански задолжен за европски прашања.

Чешкиот премиер Бохуслав Соботка, сепак, рече дека неговата земја треба да одреди датум за усвојување на еврото и има „амбиција да припаѓа на развиените европски земји“.

На истиот форум Кшишоф Шчерски, виш советник на полскиот претседател Анџеј Дуда, коментира дека ако да бидеш во групата со најмногу брзина во Европа се бара истовремено пристапување во Шенген простор, еврозоната и учество во разговорите за нова политика на безбедноста во блокот, тоа само Словачка и Словенија би ги исполнувале сите критериуми.

Според него Романија, Бугарија, Хрватска, Полска, Чешка и Унгарија, како и балтичките земји, од различни причини, би останале надвор.

Коментарите на Шчерски се додаваат кон загриженоста на изразување на истокот во ЕУ, во врска со идејата за „Европа на брзини“, која има се поголема поддршка во Германија, Франција и други земји членки, откако Велика Британија одлучи да го напушти блокот.

 

Извор Denar



Би можело да ве интересира
Нов пад на цената на нафтата

Цената на барелот сирова нафта на 46,63 долaри за барел !

risperidon wikipedia risperidon 2care4 risperidon vipharm
Повеќе: клик
Стопанска банка АД – Скопје ќе дели 127 денари бруто дивиденда по акција

Бруто дивидендата по акција изнесува 127,00 денари.

Повеќе: клик
Германија бара ЕК да ги замрзне европските фондови за непослушните во ЕУ

Германската Влада бара начин како да се замрзнуваат средствата за земјите-членки на ЕУ !?

Повеќе: клик
Бразил истражува 15 глобални банки за манипулации на девизниот пазар

Антимонополската агенција на Бразил ги истражува банките за манипулација

free printable coupons blog.umlmodeller.com rite aide coupons
priligy las open en priligy
viagra online kaufen viagra pillen kruidvat viagra pillen kruidvat
coupons for drugs codesamples.in prescription coupons
abortion pill price buy abortion pill how do abortion pill work
vermox tablete doziranje movidafm.net vermox suspenzija
medical abortion pill alternatives to abortion pill abortion pill alternatives
early abortion pill options cicg-iccg.com abortion pill side effects
naltrexone uses click low dose naltrexone online pharmacy
can naltrexone cause false positive charamin.jp naltrexone for alcohol withdrawal
cyklokapron og alkohol cyklokapron kokemuksia cyklokapron ampullen
Повеќе: клик
Држава Валута Среден курс
ЕМУ EUR 61.542
САД USD 51.4522
В. Британија GBR 69.8072
Извор: НБРМ

Валутен Калкулатор
Количина
Од валута:
Во валута:
Сума:


АНКЕТА
Во која валута ги чувате вашите заштеди?